Кога се работи за граѓаните и 12 часа поминати на работа поминуваат брзо. Во 20:00 часот го завршивме приемниот ден за граѓаните.
Одржавме средба со 118 граѓани.
Со ова продолжува новиот начин на организирање на приемниот ден за граѓаните во кој секој граѓанин може да се сретне со градоначалникот и со преставници од сите сектори на општинската администрација со едно доаѓање во општината. Нема граѓанин кој имал потреба, а не добил средба.
👇Сите граѓани кои сакаат средба можат да закажат: со јавување на 023226655 на е-маил: gradonacalnik@gazibaba.gov.mk или со поднесување на формулар на шалтерот во општината.
Директните средби со граѓаните се наједноставниот начин за запознавање со проблемите со цел нивно брзо и ефикасно решавање.