Пензионерите денес добија линеарно покачување на пензиите од 2500 денари, а во март процесот ќе се заокружи со ново покачување од уште 2500 денари.
Денес градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министрите Гордана Димитриевска Кочовска и Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски и пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска го посетија Здружението на пензионери Гази Баба каде што имаа средба со пензионерите.
Пензионерите заслужуваат повисоки пензии со цел достоинствено и без грижи да ги поминат пензионерските денови бидејќи тоа се луѓето кои го поминаа својот работен век градејќи ја Република Македонија.