И оваа година успешно го реализиравме проектот за бесплатна ученичка униформа за секој ученик од општинските основни училишта во Гази Баба.
6800 ученици добија сет од две поло маици, една блуза со долк ракав и еден дуксер.
Реализацијата на овој проект доаѓа како исполнување на ветувањето на градоначалникот
Бобан Стефковски, дека секој ученик ќе добие бесплатна училишна униформа и денес тоа е реалност.
Со овој проект ги ослободуваме децата од предрасудите и на сите нив им останува единствената обврска да го совладуваат материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар.