Денес официјално градоначалникот Бобан Стефковски ги отвори училишните спортски лиги кои се одржуваат во Општина Гази Баба во различни категории на спортови.
Организацијата на овие спортски активности е од особено значење за учениците бидејќи од најрана возраст имаат можност директно да спортуваат, рекреираат и другаруваат.
Во текот на целата година ќе се одржат најразлични спортски настани и со тоа ќе расне спортскиот дух помеѓу учениците, а притоа ќе се зајакнува и чувството за борба, а секако и победа.
Наша обврска е да инвестираме во подобрување на условите за образование и воспитание, а вооедно и да се грижиме за создавање на вистински вредности кои од учениците ќе изградат здрави и силни индивидуи.