По повод 3 Ноември, Денот на општина Гази Баба се оддржа крводарителска акција во просториите на Урбаната заедница Автокоманда.
Вработените во општинската администрација и граѓаните преку дарување на крв уште еднаш ја покажаа на дело својата хуманост.
Општина Гази Баба има одлична соработка со Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба со која традиционално секоја година реализираме различен тип на активности чија примарна цел е хуманоста.