Во просториите на Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски одржа средба со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Македонија Н.Е. Зоран Миљаниќ.
На средбата разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области.
Дополнително го информираа амбасадорот Миљаниќ за отпочнатата иницијатива за збратимување на Општина Гази Баба со општина Бар од Република Црна Гора.
Општина Гази Баба е отворена за соработка со сите домашни и меѓународни организации кои имаат за цел реализација на проекти од општествен интерес.