Отпочна граѓанскиот дијалог со директни средби во месните и урбаните заедници.
Граѓански форуми одржа градоначалникот Бобан Стефковски во ООУ Крум Тошев за жителите од Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма и во ООУ Вера Јоциќ за жителите од Хиподром, Маџари, Кирил Петрушевски и Триангла.
Местото на градоначалникот е помеѓу граѓаните со цел директно на терен да ги решава барањата на граѓаните и во изминатите 3 години тоа и го докажа на дело!
Овие средби се одлична можност да се слушне гласот на народот во насока на утврдување на приоритетите на буџетот за 2025 година.
Заедно со граѓаните креираме буџет кој ќе донесе реализација на уште многу нови проекти во 2025 година!