Бог го благослови ова утро градоначалникот Бобан Стефковски со сопругата да бидат кумови во Црквата Св. Кузман и Дамјан во Триангла која денес го слави својот патрон.
Верата и традицијата го одржувала македонскиот народ низ вековите, а Црквата како ништо друго успева за миг да го соедини целиот народ.
Градоначалникот Стефковски упати молитви кон Св. Кузман и Дамјан ова утро за здравје, среќа, бериќет, мир и благосостојба во секој дом и семејство!
Тој посака по милоста Божја, следната година да успее и да го освети овој храм кој ќе биде уште едно христијанско светилиште во кое години и векови ќе се собира верниот народ за да ги слави Светите Врачи Кузман и Дамјан.
Нека е честит и вечен денот‼️
За многу години Св. Кузман и Дамјан‼️