Заедно со компанијата Тексомак, која промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад, спроведовме работилници за децата од ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Григор Прличев“ и градинките „Калинка“ и „Темјанушка“.
Децата беа полни со ентузијазам што имаат можност на забавен начин да научат за:
– текстилниот отпад има огромни штетни влијанија врз нашата околина;
– рециклирањето е процес кој почнува од секој еден од нас;
– постојат мигови кога треба да се ослободиме од нашите стари и неупотребливи текстилни материјали за да направиме простор за нови;
– многу е важно како се ослободуваме од старите текстилни парчиња – со рециклирањето покажувме грижа кон нашата околина.
Важно е младите да ја разбираат важноста на овие прашања и токму тоа дава надеж дека заедно можеме да дејствуваме кон здрава и чиста животна средина!
И во иднина ќе продолжиме со поддршка на визијата и посветеноста за подигнување на свеста за рециклирање на текстилен отпад.