Утрово градоначалникот Бобан Стефковски имаше работна средба со Лилјана Затуроска, Национален координатор на Владата на Република Македонија задолжена за локална самоуправа.
На средбата Бобан Стефковски ја информираше координаторката Затуроска за она што е сработено во изминатиот период и за она што следува во периодот во иднина.
И посебно ја истакна важноста на проектот на Владата на Република Македонија со кои општините добиваат историски највисока директна финансиска поддршка за реализација на инфраструктурни проекти кои значително ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе одбезбедат рамномерен регионален развој.
Националниот координатор Лилјана Затуроска изрази задоволство од реализираните проекти во Општина Гази Баба, а посебно ја нагласи отчетноста и транспарентноста кон граѓаните за што говори и големиот јавен настан наменет за отчет пред граѓаните кој се одржа минатата недела.
На средбата заклучија дека е важна соработката на единиците на локалната самоуправа и Владата на Република Македонија и дека таа треба со засилено темпо да продолжи и во иднина.