Повеќе од 2000 луѓе на плоштадот во Автокоманда присуствуваа на културната манифестација “Пивтијада 2025” која се одржа по јубилеен 15ти пат.
Хуманата мисија ја исполнивме, сите подготвени пивтии беа продадени, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели.
Им благодараме на Здружението на пензионери на Гази Баба за партнерскиот однос во организацијата на овој преубав настан.
Им благодараме и на естрадните уметници Јордан Митев, Даниела Темелковска и Ефто Пупиноски за учеството во културниот дел од манифестацијата.
Нашите граѓани Надежда Кирковска, Тања Ѓоргиевска и Ана Стојменовиќ ги наградивме за нивното креативно учество во украсувањето на пивтиите.