Во рамките на активноста „Каде што срцето е дома“ за посета на општините, денес во посета на општина Гази Баба беа Министерот за локална самоуправа Златко Перински и Заменик министерот Ерџан Селими.
Одржана беше работна средба со членовите на Советот на Општина Гази Баба и раководителите на секторите во општинската администрација на која се разви дискусија за процесот за измена на Законот на локална самоуправа кој го води ресорното министерство, како и за предизвиците со кои се соочуваме како општина.
На средбата градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека Општина Гази Баба подготвена го дочека вториот Јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти и вчера до Министерството за локална самоуправа поднесовме 12 проекти подготвени со целокупна документација за нивна реализација.
Повикот за финансиска поддршка на проекти на општините е од големо значење за единиците на локалната самоуправа бидејќи преку овој проект општините ќе имаат брз развој, а притоа ќе се постигне рамномерен регионален развој преку кој ќе се решат децениските проблеми со кои се соочуваат граѓаните од аспект на комуналната и патната инфраструктура.