Отворивме клуб за активно и здраво стареење на пензионерите од Oпштина Гази Баба.
Создадовме можност пензионерите од денес да имаат катче каде што за миг ќе ги напуштат своите секојдневни обврски и предизвици. Креиравме место во кое ќе имаат можност да се дружат, да рекреираат и да разменат искуства со останатите пензионери.
Вложуваме во нивната благосостојба и социјална инклузија, помагајќи им да се чувствуваат активни и важни членови на заедницата.
Овој проект Општина Гази Баба го реализира во соработка со Здружението на пензионери на Гази Баба и Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба.
Нашата цел е да се грижиме за сите генерации на граѓани, создавајќи услови за подобар и поквалитетен живот, а тука посебно внимание имаат луѓето кои се наоѓаат во третата доба во животот кои се вложија во создавањето на самостојна и независна Македонија.
Градоначачникот Бобан Стефковски се заблагодари за одличната соработка до Здружението на пензионери на Гази Баба и Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба со кои во изминатиот период реализиравме голем број на проекти.