Вечерва градоначалникот Бобан Стефковски прими уште едно значајно признание кое е одраз на успешната соработка која ја има Општина Гази Баба со Црвениот крст на Република Македонија.
Одбележуваме еден важен јубилеј, 80 години од формирањето на Црвениот крст.
Црвениот крст е израз на нашата верба во човечноста и во хуманоста, која е стар и универзален принцип на цивилизацијата.
Ниту една институција не може да ја замени потребата од индивидуалното чувство за одговорност и поттик за акција.
Не постои замена за доброволниот и слободен ангажман на граѓанинот на поединецот. Притоа, се разбира дека еден човек сам по себе не може многу да помогне.
Но, кога еден систем како што е Црвениот крст ќе ги собере нашите индивидуални напори и ќе ги насочи таму каде што е најпотребно, тогаш нема граница на тоа што можеме да го постигнеме.
Затоа, многу е важно духот на солидарноста да го негуваме секогаш.
Во годините наназад имавме одлична, важна соработка со Општинската организација на Црвениот крст на Гази Баба за која говори нашата подадена рака кон секој граѓанин кој имал потреба од помош и таа соработка ќе продолжи и во иднина.