Оваа година одбележувањето на 8ми Март, Меѓународниот ден на жената го правиме со одржување на крводарителска акција во просториите на Oпштина Гази Баба.
Дарувањето крв е чин кој се темели на принципите на доброволност и солидарност, а крвта е лек за кој не постои замена.
Токму затоа значајно е во секое време да има доволни количини на крв, што може да се постигне единствено со доволно крвни резерви.
Градоначалникот Бобан Стефковски на вработените од Институтот за трансфузиологија и волонтерите од Црвениот крст им го честита 8 Март и им посака здравје, среќа, успех и внимание во текот на целата година.