Изминатата недела екипите на ЈКП Гази Баба 2007 вршеа тековни активности и задолженија како:
Кастрење гранки кои пречеа на одредени објекти и го загрозуваа секојдневното функционирање на граѓаните. Акцијата се одвиваше на повеќе локации во населбите Ченто, Маџари и Автокоманда, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на јавниот простор за непречено движење на пешаците и возилата овозможувајќи прегледност на патиштата и јавните површини.
Се поставија заштитни канделабри на повеќе локации во општината. Оваа мерка е со цел унапредување на јавната безбедност и подобрување на уличното осветлување.
Упатуваме апел до сите граѓани да не ги оштетуваат капаците на канделабрите, бидејќи постои сериозна опасност од струен удар.
И меѓу најчестите активности периодов, кои се спроведуваат плански и тековно се косење и одржување на јавното зеленило на различни локации во Oпштина Гази Баба.
Косење и расчистување се изврши во дворот на О.О.У. „Наум Наумовски Борче“, на ул.„Коце Металец“ во н. Железара, во н. Триангла, како и на фудбалските игралишта во н.м. Јурумлери и н.м. Скопско Поле.
Продолжуваме со обезбедување на почиста и уредна животна средина за граѓаните, но и со подобрување на условите за спортување и рекреација.