По повод Денот на пролетта, општина Гази Баба во соработка со општествено одговорни компании ја реализираше активноста за засадување на 100 нови зимзелени садници во дворот на градинката Детска радост во Автокоманда.
Со посадување на садниците, ќе се направи зелен појас покрај оградата на клонот „Темјанушка” во населбата Автокоманда кон главниот булевар.
Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите на мојот мандат. Изминатиот период реализиравме голем број на проекти и мерки во насока на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
Засадувањето на нови садници ќе продолжи и во следниот период на јавните површини насекаде низ општина Гази Баба.