Попладнево Скопје беше обоено во портокалова боја по повод Денот на Кралството Холандија.
На покана на амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Узлем Џанел заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, градоначалникот Бобан Стефковски беше дел од портокаловата велосипедска тура што се возеше околу „Ист Гејт Мол“.
Денес се одбележуваат два значајни празници за Холандија, а тоа се Денот на Кралот на Кралството Холандија и 750 години од основањето на градот Амстердам.
Честитки до холандската амбасада и до сите Холанѓани по повод овие два значајни празници.
Благодарност до здружението „Гоу Грин“ кое на свој уникатен начин го организираше и овој настан.