Општина Гази Баба овозможува постојана поддршка на екипите на ЈКП Гази Баба 2007, кои се секогаш на висина на задачите и нивната посветеност и експедитивност во справување со секојдневните теренски предизвици и заслужуваат признание и поддршка во работењето.
Во текот на минатата седмица екипите на ЈКП Гази Баба имаа повеќе организирани акции за расчистување на диви депонии на повеќе локации, како во:
н.м ️Инџиково, во близина на месната заедница и кај паркот,
н. Железара,
н.Хиподром, спроти бензинската станица „Дени“,
во Финскиот парк, кај Ханибал, црква Св. Лидија, последна 45ка и на други локации во н. Ченто,
н.Триангла, кај детското игралиште и на повеќе локации.
н.Маџари на кванташкиот пазар и Караорман
н.м Инџиково кај месната заедница.
Се чистат дивите депонии на јавните површини повеќе кратно, со што значително придонесуваме за почиста и поуредна животна средина.
Зелените површини се одржуваат континуирано, така што сите терени на нашата територија се поминуваат еднаш неделно, обезбедувајќи уреден изглед и здрава животна средина за граѓаните.
Извршено беше кастрење на гранки и дрвја, при што се одржуваат и обликуваат околу 150 дрвја неделно.
Редовно одржување на јавните простори е со цел да обезбедиме чиста, уредна и безбедна животна средина за граѓаните.
Косење на тревата и кастрење гранки редоследно на повеќе локации низ општината, во парковите, игралиштата и јавните површини покрај сообраќајници, како на:
Ул. Вера Радосалјевиќ во н.Маџари
Паркот на Егејците
н.Автокоманда повеќекратно
н.Триангла кај Шмеки и покрај автопатот
ООУ “Његош” во н.м Колонија
Од мостот во н. Маџари до слаткарница Шарлота
н.Железара
н.Ќерамидница
Ул. Благоја Стефковски
покрај улици и кај стадионот во н.м Ергеле и Трубарево
во н.Маџари кај киното и пругите и н.м Колонија во паркот.
Кастрењето на дрвореди оваа недела се одвиваше на следниве локации: Маџари, Хиподром, Ул.Финска, Стара 50ка, Автокоманда, Колонија.
Работилницата на ЈКП Гази Баба 2007 редовно врши санација и замена на детските реквизити.
– Се санираа и поставија нови урбани реквизити направивме кај Детско игралиште Ченто (културен дом)
– санирани се и рекреативните справи кај ООУ “Н.Н. Борче” во н.Маџари.
– Се направи бетонирана основа за биста кај ООУ „Кирил и Методиј” во Стајковци
– и санирани беа паднати канделабри во н.Маџари и н.Железара.
Во континуитет се изработуваат и нови клупи и корпи за отпадоци.
Редовно се одржува вакумската канализација и се врши потребното сервисирање на истата.
Изминатава недела одржување и поправка на улично осветлување екипите на ЈКП Гази Баба направија во:
Хиподром, Идризово, Стајковци, Трубарево, Ергеле, Раштак и Смилковци.
Секојдневниот ангажман на целата територија на Општина Гази Баба е доказ дека посветената работа носи видливи резултати!