Денес со гордост го славиме јазикот што не поврзува, не претставува и ја носи душата на нашиот народ — македонскиот јазик. Тој е темел на нашиот идентитет, сведоштво за вековната култура и борба за самобитност.
Нека ни е честит овој ден и нека ни биде потсетник за важноста да го негуваме, чуваме и пренесуваме на идните генерации.
Да зборуваме со љубов, да пишуваме со гордост и да ја славиме убавината на нашиот мајчин јазик — денес и секој ден!