Општина Гази Баба со особено задоволство Ве поканува на традиционалната манифестација „Ѓурѓовденски чествувања“, која ќе се одржи по повод празникот на Св. Ѓорѓи Победоносец.
Локација: Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ – Трубарево
Датум: 06.05.2025 година (вторник)
Почеток: 17:00 часот
На манифестацијата ќе присуствуваат жители од општината, уметнички друштва, културни изведувачи и гости, со цел заеднички да го одбележиме овој значаен празник со достоинство, почит и традиција.
Ве очекуваат духовна програма, културно-уметнички настапи и дружење во празничен дух!
Да го прославиме Ѓурѓовден заедно — со вера, традиција и заедништво!