Денес, организирав прием за ракометарките на Женскиот ракометен клуб Металург – Автокоманда, стручниот штаб и управата, кои станаа шампиони на Македонија во младинска конкуренција.
Младите ракометарки на ЖРК Металург – Автокоманда ја завршија сезоната со исклучителен успех – без ниту еден пораз во текот на целото натпреварување, покажувајќи доминантна игра, спортски дух и огромен потенцијал за иднината на македонскиот ракомет.
Им честитав на шампионките и на тренерскиот тим за овој значаен успех, истакнувајќи дека општина Гази Баба е горда што има вакви талентирани и посветени млади спортистки.
Вашиот успех е инспирација за сите млади во нашата општина. Продолжете со истата страст, дисциплина и љубов кон спортот.
Ви посакувам уште многу трофеи и блескава спортска кариера!