Денес имавme чест и задоволство да присуствувамe на 19-тиот Гранд При Скопје, еден од најпрестижните и најмасовни интернационални настани во спортското стрелаштво во Македонија, организиран од Македонската Спортска Стрелачка Федерација.
Овој настан не само што ја афирмира нашата држава на спортската мапа, туку е и симбол на соработка, спортски дух и пријателство меѓу народите. Особено ни беше чест што годинава на турнирот учествуваа сите специјални единици на МВР и АРМ, како и натпреварувачи од Словенија, Србија, Бугарија, Косово, Албанија и Турција.
Горди сме што општина Гази Баба е дел од вакви настани кои придонесуваат за развојот на спортот, меѓународната соработка и унапредување на позитивните вредности во нашето општество.
Им посакуваме многу успех на сите натпреварувачи, а на организаторите – честитки за беспрекорната организација!