Денес градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид во градежните активности поврзани со асфалтирање на улиците во населеното место Виниче, улици кои досега никогаш не биле асфалтирани. Долги години, жителите на овие улици беа принудени да се движат низ кал и непристапни услови, особено во зимски и дождливи периоди.
Со реализацијата на оваа инвестиција, конечно им се овозможува достоинствен и безбеден пристап до нивните домови.
Патната инфраструктура е основен предуслов за развој на секое населено место. Таа не е само симбол на урбанизација, туку и практична потреба која директно влијае врз секојдневието на граѓаните – од пристап до домовите, безбедност на децата и повозрасните, па сè до полесен транспорт и економски развој.
Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредување на патната инфраструктура во сите населени места на Општина Гази Баба, затоа што секој граѓанин заслужува пристоен пристап и еднаков третман.