Денес во просториите на Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Мартин Стефановски, претседател на Падел Федерација на Македонија.
На средбата разговараа за можностите за соработка во насока на унапредување на спортската инфраструктура, при што особено се разгледуваа потенцијални локации за изградба на современ падел центар на територија на нашата општина.
Како локална самоуправа, цврсто веруваме дека инвестициите во спортот се инвестиции во иднината – во здравјето, воспитувањето и развојот на младите генерации. Создавањето услови за активен и квалитетен живот е еден од нашите приоритети, а спортот има клучна улога во таа насока.
Изградбата на падел центар би значела не само промоција на овој модерен и се попопуларен спорт, туку и нова можност за нашите граѓани – посебно за младите – да се вклучат во здрави, организирани и забавни активности.
Ќе продолжиме посветено да работиме на развој на спортот во Гази Баба, како темел за посилно, поздраво и пообединето општество.