Во чест на Светскиот ден на животната средина, на 5 јуни, во населбата Автокоманда се одржа настанот „Вело родео“ – едукативно-забавна манифестација во организација на Општина Гази Баба, наменета за подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина и промоција на алтернативни и еколошки видови транспорт, како што е возењето велосипед.
Во рамки на настанот беа доделени и наградите од Еколошкиот конкурс што секоја година го распишува Општина Гази Баба, со цел да ги поттикне најмладите граѓани да размислуваат и делуваат во насока на зачувување на природата. Наградени беа најдобрите творби, цртежи и еколошки уредени дворови:

Најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување:

Слободан Боневски

Најубав состав/расказ/стихотворба (од 1во до 5то одделение):

Дина Панова, 4-в одд., ООУ “Наум Наумовски Борче”

Михаил Гиговски, 4-а одд., ООУ “Григор Прличев”

Имер Имеров, 5 одд., ООУ “Кирил и Методиј”

Најубав состав/расказ/стихотворба (од 6то до 9то одделение):

Нела Атанасовска, 7-2 одд., ООУ “Крум Тошев”

Христијан Гочевски Ивановски, 9-1 одд., ООУ “Дане Крапчев”

Стефан Спасовски, 7-1 одд., ООУ “Кирил и Методиј”

Најубав цртеж (од 1во до 5то одделение):

Владимир Атанасовски, 4-1 одд., ООУ “Вера Јоциќ”

Марија Глигорова, 5-2 одд., ООУ “Крум Тошев”

Јана Веновска, 5-2 одд., ООУ “Крум Тошев”

Најубав цртеж (од 6то до 9то одделение):

Ана Велковска, 9-б одд., ООУ “Његош”

Елена Таневска, 9-а одд., ООУ “Григор Прличев”

Теа Димитриевска, 7-а одд., ООУ “Вера Јоциќ”

Најубав цртеж за деца од градинките:

Јана Кочова, 5 години, градинка “Зајаче”, објект “Мимоза”

Марко Караташов, 6 години, градинка “25 Мај”, објект “Детелинка”

Мелани Конеска, 5 години, градинка “Зајаче”, објект “Мимоза”
Им честитаме на сите наградени ученици, деца и жители, и упатува благодарност до сите учесници и наставници кои придонесоа за успешна реализација на еколошкиот конкурс и „Вело родео“. Настани од ваков карактер се уште еден чекор кон заедничка грижа за нашата животна средина.