Во вистинска фешта на културата, музиката и заедништвото, повеќе од 15.000 граѓани присуствуваа на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“, која се одржа под отворено небо и остави неизбришлива трага во срцата на сите присутни!
Програмата започна со настап на Огнен Здравковски, чии хитови ја подигнаа атмосферата уште од самиот почеток, а вечерта кулминираше со спектакуларен, двачасовен концерт на балканската музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ. Публиката заедно со него ги пееше најголемите хитови, создавајќи незаборавна магија што долго ќе се прераскажува.
Искажуваме голема благодарност до Министерството за внатрешни работи и сите полициски службеници кои беа ангажирани за беспрекорно спроведување на безбедносните протоколи и кои се погрижија сите присутни да уживаат во мирна и сигурна атмосфера.
Најголемата благодарност ја упатуваме до граѓаните и народот на Гази Баба, Скопје и цела Македонија – за вашата поддршка, енергија и љубов. Вие ја направивте оваа манифестација вистински посебна!
Ова беше ден за историја – ден кој долго ќе се памети и за кој уште долго ќе се зборува!
Гази Баба – место каде вкусот, музиката и народот се слават заедно!