Денеска градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на настанот „Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, кој се одржа во Паркот „Авионче“ во Општина Аеродром.
На овој саем на општини, Општина Гази Баба имаше свој штанд каде ги презентиравме земјоделските култури што ги произведуваат нашите вредни земјоделци. Земјоделието е основа на нашата економија и гаранција за здрави и квалитетни производи кои стигнуваат до трпезите на нашите граѓани. Токму затоа, поддршката и развојот на оваа гранка се наш врвен приоритет.
Срдечно им се заблагодаруваме на сите земјоделци од Гази Баба за нивниот напор и посветеност, без кои не би имале овие богати плодови на нашата земја. Нивниот труд е вистинска вредност и причина за гордост.
На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, што е јасен знак дека земјоделците имаат силен партнер и сојузник во Владата, кој ќе продолжи да ги поддржува и заштитува нивните интереси.
Заедно продолжуваме да ја градиме силна и просперитетна Гази Баба!