Денес градоначалникот Бобан Стефковски направи увид во градежните работи на новиот спортски терен што се гради во Ченто, кај старата полициска станица. Овој терен е првиот од вкупно осум нови спортски игралишта што ги градиме. Сите се со најсовремена тартан подлога која гарантира квалитетно спортување.
Во изборната програма стоеше и:
“Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите.”
Денес, со гордост можеме да кажеме – ветувањето е исполнето во целост!
Инвестираме во спортот како никогаш досега! Од почетокот на мандатот изградивме 27 нови спортски терени, а со новите 8 што се градат, бројката ќе достигне 33 – терени кои се вистински центри на активен живот, енергија и заедништво.
Веруваме во младите. Веруваме дека спортот не е само игра – туку и воспитување, здравје, мотивација и иднина. Затоа создадовме простор каде тие можат да тренираат, да се натпреваруваат, да сонуваат и да успеваат.
Продолжуваме посветено, проект по проект, терен по терен – затоа што ветувањата не се само зборови, туку дела што траат.