Општина Гази Баба, во соработка со ЈКП Гази Баба, започнува акција за миење на улиците, тротоарите и плоштадите на територијата на целата општина. Активноста е дел од нашите континуирани напори за подобрување на хигиената и условите за живеење во урбаните и руралните средини.
–Чистотата е здравје!
Со оваа акција се овозможува поефикасно отстранување на прашината, нечистотиите и останатите отпадоци од јавните површини. Чистите улици значат поздрава средина за сите – особено во летниот период, кога зголемените температури и загадувањето можат негативно да влијаат на квалитетот на воздухот.
–Акцијата ја реализира ЈКП Гази Баба
Екипите на Јавното комунално претпријатие Гази Баба ќе бидат секојдневно на терен со специјализирана механизација и средства за длабинско миење. Се работи по однапред утврден распоред.
–Граѓаните се клучниот партнер!
Апелираме до сите жители да дадат свој придонес – да не паркираат возила на местата каде што е планирано миење и да ги почитуваат временските распореди. Заедно можеме да создадеме поубава, почиста и поурбана општина.
–Гази Баба заслужува!
Оваа акција е само еден од многуте чекори кои ги преземаме за унапредување на животната средина. Чистотата не е само одраз на културата, туку и на грижата за иднината. Да дадеме пример и да го чуваме просторот во кој живееме!