Градоначалникот Бобан Стефковски изминатава ноќ беше на терен заедно со мешани тимови од Секторот за инспекција на Општина Гази Баба и полициски службеници. Се вршеше контроли на критичните локации кои беа идентификувани како можни извори на загадување.
По пријави од граѓани, извршена е контрола и на едно правно лице за кое постојат индиции дека е извор на загадување.
Доцна минатата вечер добивме пријава за пожар во Трубарево. Веднаш се реагираше заедно со Центарот за управување со кризи, по што се преземаа мерки за негово гаснење.
Вчера попладне во дел од Ченто се чувствуваше непријатен мирис, кој доаѓа од пожарот на депонијата во Арачиново. Фотографиите со густ црн чад што се споделуваа по социјалните мрежи беа токму од таму.
Им благодараме на граѓаните за будноста и поддршката. Голема благодарност и до полицијата за професионалната соработка.
Ќе бидеме присутни на терен и во текот на ноќта, и утре – сѐ додека има потреба.
Се работи без компромис кога е во прашање здравјето на граѓаните!