Во текот на денот, инспекциската служба на Општина Гази Баба, при сеопфатна теренска акција, пронајде локација во непосредна близина на Трубарево, од која се ширеше густ бел чад!
При увидот на лице место, утврдено е дека од страна на непознат сторител била истурена и запалена поголема количина отпад – делови од возила поминати на преса!
При горењето се ширеше неподнослив мирис на изгорена пластика, кабли и други штетни материјали, што директно го загадуваше воздухот.
Локацијата е тешко пристапна, но токму тоа, заедно со природата на отпадот, јасно укажува на намера – нарачан, свесен, човечки чин со огромни последици!
Оваа локација е директен причинител на загадувањето и непријатниот мирис кој ги погоди граѓаните од делови на Гази Баба и Аеродром во изминатите денови.
Во моментов, екипите на ЈКП Гази Баба и инспекцијата сè уште се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се расчисти локацијата.
До нарачателите на овој монструозен чин:
–Ова што го направивте е еднакво на геноцид.
–Ќе направам сè што е во моја моќ да се дознае Вашето име –
Прво, за да бидете казнети,
Второ, за да не можете да ги погледнете Вашите деца во очи, знаејќи дека самите сте ги труеле.
Од срце Ви благодарам на сите граѓани за поддршката и довербата.
Здравјето и животот на граѓаните немаат цена!
Борбата продолжува – сè додека не расчистиме со сите несовесни граѓани!
Пакетот на мерки објавен вчера останува на сила и ќе се спроведува и утре и во деновите што следат!
Благодарност до Противпожарникарната бригара на Град Скопје кои дадоа поддршка при реализација на активностите на терен!