Денес, заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот Бобан Стефковски ја посети прекрасната локација Сарачево, во близина на селото Раштак – место кое полека но сигурно се развива во едно од омилените излетнички катчиња за скопјани.
Благодарение на поддршката од општествено одговорна компанија, на оваа локација се изгради нов летниковец и современо детско забавно катче, што ја збогатува понудата за рекреација и семеен одмор.
Засадивме 3200 нови садници на дрва на овој простор, како дел од нашите напори за унапредување на животната средина и збогатување на зелените површини на Скопска Црна Гора.
Ќе продолжиме и во иднина со инвестиции во уредувањето и развојот на Сарачево, со цел ова место да стане вистински простор за релаксација, дружење и контакт со природата.
Ги повикуваме сите граѓани да го посетат Сарачево, особено за време на летните горештини, и да уживаат во природните убавини на Скопска Црна Гора. Овие простори нè повикуваат на мир, свеж воздух и заедничко доживување на природата која ни е дадена да ја чуваме и негуваме.