Првпат во историјата, Македонија е домаќин на Европското првенство во џудо за кадети – настан што не само што ја става нашата земја на мапата на европскиот спорт, туку и покажува дека Скопје знае како да организира врвни спортски манифестации!
Во СЦ „Јане Сандански“ денеска се натпреваруваат 442 млади џудисти од 42 европски држави.
Атмосферата е неверојатна, духот е спортски, а енергијата – инспиративна!
Градоначалникот Бобан Стефковски беше дел од овој историски настан и да подели награди на млади спортисти кои веќе покажуваат светска класа.
Овој успех не доаѓа случајно.
Во Општина Гази Баба, континуирано вложуваме во спортот – од најмладите категории до меѓународни натпревари.
Горди сме што сме дел од приказната која ги носи европските спортски вредности во нашата заедница.
Ќе продолжиме да градиме услови, да мотивираме млади и да го поддржуваме секој спортски сон!
Добредојдовте во Скопје – каде што спортот расте, а иднината е веќе тука!