Во делот на Камник, во близина на бензинската пумпа Лукоил, општина Гази Баба изгради нов современ спортски терен со најквалитетна тартан подлога, како и целосно реконструирано детско катче.
Со тоа граѓаните од овој дел на општината добиваат нови, безбедни и уредени простори за спорт, игра и дружење.
Ова е вториот од вкупно осум нови спортски терени кои ги градиме во населените места низ целата територија на Гази Баба.
Со тоа потврдуваме дека спортот, физичката активност и здравиот развој на младите се наш врвен приоритет.
Општина Гази Баба е пример за тоа како треба да изгледа локална самоуправа која работи посветено и одговорно.
Досега имаме изградено над 30 современи спортски терени со тартан подлога, а во исто време се изградени и реконструирани повеќе од 60 детски забавни катчиња, прилагодени на потребите и безбедноста на децата.
Додека други само ветуваат и зборуваат, ние градиме, реализираме и оставаме конкретни резултати зад нас.
Нашите дела зборуваат најгласно.
Оваа функција е доверба која се оправдува со секој нов проект и секој нов простор создаден за доброто на граѓаните.
Продолжуваме со неселективна грижа за сите населени места, инвестирајќи во инфраструктура, спорт, рекреација и квалитетно секојдневие за секое семејство.
Општина Гази Баба не е општина на празни зборови, туку општина на реални проекти и вистински резултати