Хиподром 2 | Среда, 02.07.2025 | 20:00 часот
Со огромна радост Ве покануваме на отворањето на најголемиот зелен парк во општина Гази Баба, изграден во Хиподром 2 – вистинска зелена оаза за одмор, рекреација и дружба!
11.000 м² зеленило, патеки, клупи и простор за сите генерации! Детско катче и спортски терен!
Овој парк не е само градежен проект – тоа е нашиот заеднички успех, доказ дека кога сакаме – можеме!
Хиподром 2 повеќе не е населба со калливи улици – туку ново лице на урбана и здрава средина!
Што ве очекува на настанот?
-Стенд-ап шоу со актерот Бојан Велевски
–Настап на ансамблот „Јонче Христовски“
–Целовечерна македонска забава со музичка група
–За сите дечиња обезбедивме гиро, хамбургер и Кока-Кола
Ве покануваме да бидете дел од оваа вечер што ќе ја паметиме!
Да испратиме заедно порака: Успеавме!
Градиме зелени, безбедни и убави населби – чекор по чекор, за сите нас!
Добредојдовте во новото зелено срце на Хиподром 2!
Добредојдовте во паркот на сите нас!