На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва градоначалникот Бобан Стефковски присуствува на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули.
Овој свечен настан не е само дипломатски протокол, туку и потврда за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.
САД се еден од најзначајните и најдолгорочни поддржувачи на нашата држава – од независноста, преку поддршката за владеење на правото, членството во НАТО, па сè до економскиот развој и младинските иницијативи.
Соработката со САД претставува столб на стабилност, безбедност и напредок.
Заедно споделуваме вредности – слобода, демократија, човекови права и еднакви можности за сите.
Честит 4 Јули – Денот на Америка.
Да продолжиме со соработка, доверба и заедничка иднина.