Cо голема чест и задоволство ја отворивме првата фестивалска вечер од еден од најзначајните културни настани во нашата општина која се оддржа на плоштадот во Автокоманда.
Општина Гази Баба e домаќин на фестивалот веќе 15 години, кој ги спојува културите, традициите и луѓето од целиот свет.
Нашиот фестивал е сцена на пријателство, почит и уметнички израз, а оваа година со нас се:

Македонија (домаќин)

Република Српска – Босна и Херцеговина

Словачка

Полска

Турција

Австралија
Ансамблите ни ја пренесоа магијата на народната игра, музика и облека.
Програмата продолжува:
–Втора вечер – 05 јули (сабота)
ООУ „Св. Наум Охридски“ – Булачани
–Трета вечер – 07 јули (понеделник)
Парк-кино – Маџари
Ве покануваме сите да присуствувате на следните фестивалски вечери и заедно да ја прославиме нашата култура, пријателството и единството меѓу народите!
Да продолжиме да градиме мостови помеѓу културите!