Со одржувањето на третата и завршна фестивалска вечер, која се одржа на платото пред Кино Маџари, свечено беше затворено јубилејното 15-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2025“. Во текот на трите фестивалски вечери, љубителите на традиционалната култура имаа можност да уживаат во богатата програма исполнета со музика, игра и колоритни настапи од повеќе земји од светот.

Општина Гази Баба оваа година имаше особена чест и привилегија да биде домаќин на фолклорни ансамбли од:

Република Српска – Босна и Херцеговина

Словачка

Полска

Турција

Австралија
Како домаќини, се претставија и македонски културно-уметнички друштва од нашата општина и од други делови на државата, кои уште еднаш докажаа дека македонскиот фолклор е живо културно наследство што се пренесува од генерација на генерација. Настапите беа исполнети со емоција, посветеност и автентична енергија, потсетувајќи нè на богатството на нашата традиција и значењето на меѓународната културна соработка.
Фестивалот претставуваше мост меѓу различните народи и култури, создавајќи нови пријателства и продлабочувајќи ја соработката на полето на културата. Тој е доказ дека фолклорот не познава граници и дека уметноста на традицијата има моќ да обединува, надминувајќи разлики и градејќи заедништво.
Македонскиот фолклор е нераскинлив дел од македонскиот идентитет. Преку секој настап, секоја носија, секој звук на кавал или чекор на оро, ја чуваме и негуваме нашата историја и културна самобитност.
Со завршувањето на фестивалот не завршува и културното лето во нашата општина. Напротив, Гази Баба продолжува со низа културни и уметнички настани во текот на целото лето, со што ја потврдуваме нашата определба за постојано вложување во културата, традицијата и уметноста.
Гази Баба повеќе не запира!