Попладнево, во атарот на н.м Јурумлери, во делот кон Илинден, избувна пожар на површина од околу 20.000 метри квадратни. Веднаш по добивањето на информацијата, градоначалникот Бобан Стефковски даде задолжување до Кризниот штаб за итна интервенција на терен.
На терен беше ангажирана механизацијата од ЈКП Гази Баба, заедно со вработените кои со несебичен ангажман дадоа голем придонес во гаснењето на пожарот.
Поддршка пристигна и од мештаните на Јурумлери, кои со своите трактори се вклучија во акцијата.
Голема благодарност упатувам и до полициските службеници кои заедно со граѓаните и службите од ЈКП Гази
Баба беа на терен и активно учествуваа во справувањето со огнената стихија.
Благодарение на брзата и координирана интервенција, спасени се три куќи кои се наоѓаа во непосредна близина на пожарот и беа сериозно загрозени.
Од првичните согледувања на лице место, постојат сомнежи дека пожарот е намерно подметнат, за што надлежните органи веќе постапуваат.
Апел до сите граѓани:
Бидете одговорни и внимателни!
Во услови на високи температури, и најмалото невнимание може да предизвика катастрофални последици.
Не палатe отпад или сува трева! Доколку забележите пожар, веднаш пријавете го на 193 или во најблиската полициска станица.
Заедно сме посилни – да ја чуваме природата и безбедноста на сите наши сограѓани!