Во текот на изминатата недела, екипите на ЈКП Гази Баба 2007 беа ангажирани на повеќе локации низ Општина Гази Баба, со цел одржување на јавната чистота, хигиена и зеленило.
Чистење диви депонии беше спроведено во:
Инџиково, Кино Маџари, кај Шмеќи, Ченто, Хиподром, Ќерамидница, Трубарево, Железара, спроти Авто Миро и Кванташки пазар.
Апелираме: Ако сакаме здрава животна средина – треба да не правиме депонии, тие не исчезнуваат сами со текот на времето.
Секој отпад оставен надвор од предвидените места е директен напад врз здравјето и достоинството на сите нас!
Косење и одржување на зеленило се реализираше на јавни површини во:
Хиподром 2, Скопско Поле, Трубарево, Хиподром, Колонија, Триангла, Триангла кон МЗТ, Јурумлери, ул. Жан Жорес и Железара.
Апелираме: Да ги почитуваме јавните површини – косените тревници се за сите, а не за уништување. Одржуваното зеленило е огледало на нашата грижа како заедница!
Кастрење и собирање гранки беше извршено во:
Скопско Поле, Трубарево, Железара, Маџари, Кадриово Маало, Инџиково.
Апелираме: Не сечете и не фрлајте растителен отпад на несоодветни места. Екипи постојано работат напорно, но за да остане чиста околината во која живееме, мора да имаме соработка и од граѓаните!
Метење на јавни површини се одвиваше во:
Јурумлери, Автокоманда, Маџари.
Апелираме: Фрлајте отпадоци во корпите и покажете почит кон трудот на работниците во ЈКП Гази Баба!
Следете ја Општина Гази Баба и Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“ за редовни информации и фотографии од терен.
Секој ден на терен, за поубава, поздрава и почиста Гази Баба.