Денес градоначалникот Бобан Стефковски направи увид во градежните активности во населено место Булачани, каде што се изведува нов крак од улица со павер елементи.
Ова е само уште еден доказ дека Гази Баба се менува – конкретно, темелно и со план!
Времето кога по улиците на Гази Баба имаше кал и заборавеност полека но сигурно станува минато.
Работиме низ сите населени места – градиме и инвестираме еднакво во секое маало, секоја улица, секој дом.
Ова лето сме во градежна офанзива – без пауза, без изговори, со јасна цел: подобар живот за сите граѓани!
По овој увид, денес ќе се одржи и седница на Советот на Општина Гази Баба, каде што ќе биде изгласан најголемиот ребаланс на буџетот досега!
Со него стартуваме нови 60 проекти низ целата територија на општината.
Ова не се зборови. Ова се резултати.