Советот на општина Гази Баба на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот, со што се отвори патот за реализација на повеќе од 60 нови проекти во различни населени места низ целата општина.
Со оваа одлука, влегуваме во нова фаза на забрзан локален развој која ќе се одвива со полна пареа во текот на летото и есента.
Што донесе ребалансот?
-Со денешната одлука, буџетот на општината се зголемува за вкупно 9 милиони евра, средства што се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и се наменети за 16 нови капитални проекти.
Станува збор за проекти кои ќе значат подобрување на инфраструктурата, реконструкција на локални патишта, уредување на јавни површини, градење на детски игралишта, спортски зони и други значајни иницијативи за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Но тоа не е сè.
Како општина, со сопствени напори и управување со локалните ресурси, успеавме дополнително да го зголемиме буџетот за уште 75.000.000 денари (околу 1.2 милиони евра).
Овие средства ќе бидат насочени кон проекти со приоритетна важност за жителите, со што го потврдуваме нашето залагање за континуиран и одржлив развој.
Што следува?
–Следува интензивно и работно лето.
Со ребалансираниот буџет започнуваме реализација на проекти кои веќе се подготвени за постапки за јавни набавки.
Паралелно ќе се работи на инфраструктурни подобрувања, урбанистичко уредување и инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот и животната средина.
Политичка поддршка и блокади:
Изразувамe искрена благодарност до советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ кои дадоа цврста поддршка за овој значаен ребаланс, разбирајќи ја важноста од инвестиции и развој за сите граѓани на Гази Баба.
Во исто време, изразувам жалење што советниците од СДСМ и Левица одлучија да не го поддржат ребалансот, со што не ја препознаа важноста на проектите кои директно влијаат на животот на нашите сограѓани.
Но, ние продолжуваме понатаму, цврсто и посветено.
Заклучок:
–Гази Баба повеќе не запира!
Со овој ребаланс, го продолжуваме патот на развој што го градиме речиси четири години наназад – со конкретни проекти, со транспарентно управување и со јасна визија за иднината.
Патот на развојот е трасиран – и ние ќе продолжиме да чекориме по него, уште посилно и уште посветено!