Железара добива нова, современа спортска сала и атмосферска канализација на Гемиџиска и Филип Филиповиќ!
Маџари и Керамидница конечно ќе добијат нови детски градинки!
Јурумлери и Идризово – по децении чекање – добиваат канализација!
Во Трубарево започнува изградба на поголемо и покомфорно училиште за идните генерации!
Улици се предвидени за Триангла, Хиподром, Сингелиќ, Камник, Железара, Ченто, Керамидница, Маџари 1 и Трубарево.
Денес, во просториите на Владата на Република Македонија, ги потпишавме договорите за реализација на вкупно 16 нови проекти, кои Владата ќе ги финансира директно.
Со ова официјално започнува нова фаза на развој и инфраструктурен подем во општина Гази Баба.
Со потпишувањето на овие договори, веднаш започнуваме со постапки за избор на економски оператори.
Очекувамe дека за еден месец веќе ќе започнат и првите активности на терен.
Машините ќе се појават во нашите населби и работата ќе започне – конкретно, ефикасно и транспарентно.
Ова не се само проекти на хартија – ова се реални чекори напред, чекори кои ќе ја подобрат секојдневието на илјадници жители.
Ова се значителни проекти за Гази Баба.
Ова е историска поддршка од Владата каква што општината не видела речиси 50 години.
Гази Баба конечно го добива третманот што го заслужува – како урбана, просперитетна и напредна општина која е важна за целиот Скопски регион.
Голема благодарност до Владата на Република Македонија и до премиерот Hristijan Mickoski за разбирањето, визијата и вистинската грижа за граѓаните.
Гази Баба станува симбол на работа, резултати и раст.
Ова е доказ дека кога има политичка волја, кога има партнерство меѓу општината и централната власт, сè е возможно.
Гази Баба повеќе не запира.
Напредуваме, градиме, инвестираме – заедно со вас!