Денес, со достоинство и длабока почит, ја одбележавме годишнината од смртта на Методија Андонов – Ченто, еден од најголемите синови на македонскиот народ и симбол на борбата за слобода, државност и национално достоинство.
Пред неговиот споменик во населбата Ченто, свежо цвеќе положија делегација на Општина Гази Баба, делегација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, делегација на Советот на Општина Гази Баба, делегација на Сојузот на борците на Македонија, како и голем број почитувачи на неговото дело и лик.
Тоа не е само име на место, туку траен симбол на слободарскиот дух и непокорот на македонскиот народ.
Методија Андонов – Ченто беше човек кој живееше за Македонија, неуморно борејќи се за нејзиното право на постоење, јазик, култура и сопствена државност.
Како прв претседател на Президиумот на АСНОМ, тој остави длабок печат во македонската историја – како глас на народот и како совест на времето во кое живеел.
Иако неправедно осуден и политички прогонет, Ченто никогаш не отстапи од својата љубов кон татковината. Неговата жртва и страдање нè потсетуваат дека слободата не се добива – таа се освојува и чува.
Делото на Ченто, како и на сите борци за слободна и самостојна Македонија, не смееме и нема да го заборавиме.
Тоа е наша трајна обврска – кон историјата, кон сегашноста и иднината на нашата држава.
Вечна слава на Методија Андонов – Ченто!
Нека биде вечна и Македонија, за која тој живееше и страдаше.