Денес, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, г. Изет Меџити, го потпишаа договорот со кој се обезбедуваат средства во висина од 21.073.863 денари за реализација на првата фаза од уредувањето на коритото на каналот во Сингелиќ.
Она што го ветија на средбата со жителите од Сингелиќ пред два месеци, денес станува реалност!
Уредувањето на одводниот канал е од клучно значење за жителите на Сингелиќ.
Овој канал со години претставуваше ризик од поплави, загадување на околината и сериозен проблем за хигиената и секојдневниот живот на граѓаните.
Конечно, започнуваме со решавање на проблем кој предолго беше игнориран.
Сите претходни власти им ветуваа на граѓаните на Сингелиќ дека ќе го решат овој горлив проблем, но за жал, сè остануваше само на зборови.
Ние сме тука да покажеме дека не сме како претходните – кај нас ветеното прераснува во дело!
Ова е уште еден доказ дека градоначалникот се бори за обезбедување на средства и реализација на проекти во сите населени места низ Општина Гази Баба.
Без разлика на етничката, верската или било каква друга припадност на жителите.
Тоа го покажуваме на дело веќе четири години.
Искрена благодарност до:
Заменик претседателот на Владата и министер за животна средина, г. Изет Меџити,
Претседателот на Собранието на Македонија, г. Африм Гаши,
И колегите од општинската администрација, со кои заедно изминатиот период работевме посветено за да стигнеме до овој ден – денот кога се склучува договорот и се отвора патот за почеток на градежните активности веднаш по изборот на економскиот оператор.