Денес официјално започнавме со изградба на новиот спортски центар во населбата Идризово – проект што претставува уште еден чекор кон создавање подобри услови за спорт, рекреација и здрав живот за сите генерации.
Во рамките на овој спортски центар ќе се изградат:
-Спортски терен со вештачка трева за мал фудбал
-Кошаркарски терен
-Фитнес зона на отворено
-Детско катче за најмладите
Континуирано инвестираме во спортска инфраструктура!
Ова е четврти спортски центар кој се гради на територијата на општина Гази Баба во мојот мандат. Претходно изградивме спортски центри во Хиподром, Стајковци и Инџиково.
Инвестираме во иднината!
Инвестираме во спортската инфраструктура, инвестираме во младите, во здрави навики, во иднината.
Спортот е повеќе од игра!
Спортот не е само физичка активност – тој е алатка за едукација, дисциплина, тимска работа и социјализација. Со ваквите проекти создаваме средина каде децата и младите ќе можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време, далеку од пороците, блиску до спортот и позитивните вредности.
Продолжуваме понатаму!
Продолжуваме со работа. Гази Баба ќе биде пример за општина со развиена, достапна и функционална спортска инфраструктура за сите нејзини граѓани.