По средбата на градоначалникот Бобан Стефковски во Идризово, вечерва беше на средба со жителите на Булачани.
Отворено и искрено разговараа за сите предизвици со кои се соочува селото. Заеднички бараме решенија, затоа што веруваме дека само преку директна комуникација има вистински резултати.
Општината е на граѓаните – тие одлучуваат!
Проблемите ги решаваме на терен, со луѓето, а не од канцеларија.
Со почит кон луѓето од Булачани – чесни домаќини кои искрено го сакаат своето село и се грижат за неговиот развој.
Заедно ќе продолжиме да ги градиме Булачани и Гази Баба – со работа, посветеност и љубов.