По претходните градежно-занаетчиски зафати што опфатија молерисување, санација на ѕидовите и освежување на внатрешниот простор во училиштето, фокусот е ставен на целосно подобрување на спортската сала – простор кој е клучен за физичкиот и менталниот развој на учениците.
Оваа реконструкција е дел од нашата поширока заложба за создавање современи и безбедни образовни услови за нашите ученици. Спортот не само што придонесува за здравјето, туку ги учи младите на тимска работа, дисциплина и фер-плеј – вредности кои се темел на секоја здрава заедница.
Нашите ученици заслужуваат најдобро, а спортската сала денес е уште еден чекор поблиску до таа визија.