Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше на терен во Автокоманда – таму каде што реално се случуваат промените. Во тек се градежни активности за уредување на јавните површини со павер елементи – чекор по чекор, создаваме поубава и пофункционална урбана средина.
Имаше и средби со повеќе граѓани со кои разговараше отворено, лице в лице, за предизвиците, потребите, но и за решенијата. Во чекор сме со решенија!
Заедно со народот на секој чекор, на секоја улица, во секое маало е градоначалникот Стефковски. Заедно се креираат промените што ги сакаме и заслужуваме.
Инвестираме насекаде. Реализираме проекти.
Секоја улица, секој метар јавна површина, секој разговор со граѓаните е во насока на чесно работење, одговорно и посветено во интерес на сите.
Благодарност за довербата и поддршката.
Продолжуваме заедно – затоа што градот не се гради со зборови, туку со дела, а делата ги носиме – со вас, и за вас.
Гази Баба повеќе не запира!